Македонија не заслужува генерации кои ќе ги преживуваат изветоперените образовни контури со експериментални и понужувачки стандарди: Јована Петровска за реформите во образовниот процес
Пред неколку дена се одржа ораторската вечер во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, на која осум ученици од училишниот клуб на оратори „Гарда на мудроста“ ги презентираа своите говори. Само тројца од нив добија една од наградата, а останатите си заминаа дома побогати за едно искуство и со желба за следната година да бидат помеѓу наградените.
Во продолжение ќе имате можност да го прочитате првонаградениот говор на Јована Петровска, ученичка во трета година од економски смер.
Во продолжение ви го пренесуваме целиот прво награден говор:
„Стани Цаци да те види цела сала!“ На овој начин нашиот премиер ги уважува високите функционери и интелектуалци во нашата држава. Очекуваме да го доживееме денот кога ќе треба да стане некој од нас, од моите генрации. Ќе успееме ли дотогаш да имаме некакви интелектуалци?
Запоставени како ученици, свесно или несвесно се коцка иднината на државата. Се коцка на начин со кој дозволуваме да се онеспособи ученикот и да се унакази образовниот процес, со крајна скриена цел да се намали интелегентност во државата. А Mакедонците сами придонесоа за тоа, ние не се побунивме кога ни воведоа да развиваме „критичко мислење“ на децата со Кембриџ програмата. Кој би можел да претпостави дека децата кога ќе дојдат во средните училишта, ќе се чувствуваат хендикепирани да научат две страни лекција без слика? Дополнително, коцките на играта за онеписменување на македонската младина се поклопија со корона ситуацијата, тоа е попознато меѓу учениците и професорите со термините: скратено, споено, прескокнато. Се буниме кога децата имаат 2-ки, но истовремено и молчиме пред парадоксалните и безсмислени новини во образованието. На пример, мирно си ги прифативме и новите измени со кои се заменуваат хартиените учебници со електронски книги. Светот оди напред, технологијата и иновациите се во подем, треба да се мотивираат учениците да користат дигитализација за дополнително усовршување и учење нови работи. Денот не може да ни помине без нашиот мобилен телефон и нормално е тоа да се вгради во образовниот процес. Но реално да размислиме, во земја каде за време на корона пандемијата имавме деца кои не посетуваа настава поради немање на дигитален уред, очекуваме сите ученици да имаат пристап до електронски учебници? Непромислените и некреативни реформи не враќаат три чекори назад, наместо да работиме да направиме чекор напред во образованието. Срамот не јаде и кога името на државата се протега на дното од листата резултати за светски образовни тестирања. Сцените од филмот апатично македонско образование не завршуваат тука. Следно на лентата е долго очекуваното фиајаско, во кое поради политички интереси ги спојуваме предметите географија и историја. Не не не, го кратиме предметот историја, на негово место денес децата во петто одделение учат што е идентитет. На тој начин ние учиме без што всушност останавме. Што полека ни одземаат. Историјата има клучна нота во нашиот идентитет, не издвојува од остантите, не прави свои и единствени, говори за нашата цивилизација низ вековите. Говори за нашиот национален идентитет. Можеби нашите политичари се несвесни и другите од надвор го забележале тоа, па го користат забивајќи ни ја другата острица од мечот - нека научат што е идентитет, а потоа ние ќе им ја скроиме историјата. Продолжени распусти поради загаден воздух, енергетска криза, дојави за бомби, угнетени професори со ниски плати кои спасот го гледаат во штајкот на синдикатите, губење часови поради блокадите на ЈСП и уште низа настани кои го отсликуваат пропастот на македонското образование и младинската писменост.
Важноста на граѓанинот во нашата држава се проценуца врз основа на неговата гласачка моќ, што сте поблиску до ова право сте се поважни, што подалеку сте поигнорирани. Не игнорираат како малолетни граѓани. Но, не се свесни дека набрзо влегуваме во нивниот ценет електорат. А ние не забораваме и скапо ќе наплатиме. Да ја разбудиме нашата револуционерна свест, Македонија не заслужува генерации кои ќе ги преживуваат овие изветоперени образовни контури со експериментални и понужувачки стандарди. Време е да правиме вистински избори составени од нас како идни квалитетни кадри, во кои се крие и последното решение за враќање на македонската младина на вистинскиот пат. Да направиме квалитетот на образованието да е приоритет, кој нема да подлежи на политички интереси. И да ја спречиме оваа агонија за да изградиме достојна и учена младина, како што и доликува на Македонија.
фото: клуб на оратори „Гарда на мудроста“