Македонски ученици се дел од NASA Space Apps Challenge натпреварите: Победничкиот тим на прием кај претседателот Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски многупати досега докажа дека ги поддржува сите млади и успешни луѓе. Секој еден успех, без разлика дали е индивидуален или тимски, бил поздравен од него, и многу млади луѓе досега беа кај него на прием.
Математички гениј, музичари, уметници, спортисти, физичари, хемичари, а сега на ред дојдоа и учесниците, поточно победниците од NASA Space Apps Challenge, кој се одржа во Струмица.
Горазд Блажески, Нина Стевоскс, Теодора Трајчевска, Марија Зороска ученици од СОУ „Св. Климент Охридски“ -Охрид и нивната менторка Вера Зороска беа гости во претседателската вила и поминаа некое време со претседателот Пендаровски, разговарајќи за нивниот успех.
„Со задоволство поразговарав со победничкиот тим на NASA Space Apps Challenge Strumica, N.Macedonia.
Ме радува што сѐ повеќе наши млади се дел од NASA Space Apps Challenge натпреварите и стекнуваат нови знаења и вештини, истовремено работејќи на иновативни решенија.
Им посакувам успех во нивниот натамошен личен и професионален развој.“ - стоеше во описот на фотографиите од средбата, кои се најдоа на Фејсбук профилот на претседателот.