Макрон за вакцинацијата: Први домовите за стари лица, најверојатно во јануари

Макрон за вакцинацијата: Први домовите за стари лица, најверојатно во јануари

Објавена во: Живот // Живот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека програмата за вакцинација против коронавирусот веројатно ќе биде активирана на почетокот на јануари, со тоа што негови први актери ќе бидат личностите во домовите за стари лица.

Поширокиот дел од населението, како што се очекува, ќе биде вакциниран во период од април до јуни, рече Макрон.

Со 2,2 милиони заразени, Франција е петта држава на светот по број на случаи со коронавирусот. Вирусот однесе повеќе од 52.000 животи, наведува АП.

фото: Фејсбук профил

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: