Максим ги изгубил нозете во пожар: Додека сите го сожалувале тој станал скејтерска ѕвезда

Максим ги изгубил нозете во пожар: Додека сите го сожалувале тој станал скејтерска ѕвезда

Максим Абрамов нозете ги изгубил во пожар, кога имала само една и пол година. Во ужасниот сплет на околности, неговото креветче и душек се запалиле. Сега има 11 години и ново семејство, но и понатаму е во центарот на вниманието.

Кога се случила оваа трагедија, за неа се зборувало во сите руски медиуми. Несреќата се случила на 21 март 2011 година. Тоа утро момчето од Благовешченска, на истокот на Сибир, ги изгубило двете нозе, а семејството го оставило. Потресните кадри, снимени по несреќата, допреа до илјадници руски граѓани кои ја понудија својата помош. А милиони испраќаа зборови полни со поддршка.

Од тогаш ова момче постојано е во центарот на вниманието, што е необично, бидејќи има едно правило кое вели дека жртвите од трагичките настани паѓаат во заборав оној момент кога ќе се појават нови жртви. Со него, сепак е малку поинаку. Кога малку пораснал, Максим Абрамов повремено започна да се појавува во вестите и разни телевизиски емисии. А, оваа година за него стана посебна. Видео од него на Инстаграм сподели легендарниот американски скејтер Тони Хавк: „Мојот нов омилен скејтер“ - напиша скејтерот. Да, по се што преживеа, Максим започна да скејта.


Тој по трагичната судбина и одбивањето на семејството бил посвоен од Ина Лавав, сопственичка на популарниот ланец кафулиња „Даблби“. Се преселил во Санкт Петербург. Во новото семејство ја добил и сестрата Наташа. Освен семејство кое го сака, Максим сега има и два тренери за пливање, педагог за цртање, тренер за скејтање, па дури и личен возач.

„За него движењето на скејт ги реши сите проблеми“ - вели тренерот на Максим, Павел Мушкин. Од 2016 година тој го тренира момчето, му помага со совети и снима и монтира видеа за неговиот Инстаграм, а одговорен е и за комуникацијата со новинарите. Всушност, тој е неговиот потпарол.

„Организирав изградба на првиот бетонски скејт парк во Петербург, во него одржуваме бесплатни часови за сите заинтересирани. Максим живее во близина и во една прилика неговите родители го донесоа кај мене“ - вели Павел.

Момчето тогаш веќе стоел на скејт и така е движело. Имено, тој не сака ниту количка, а ни протези. Но, дотогаш не слушнал за лизгање низ ограда, вртење во воздух и други трикови. Тренерот на Максим му ги покажал децата - скејтери како него од Бразил и САД, а потоа и тој се одлучил да се обиде. Бил прво момче со инвалидитет со кој Павел работел.

„Започнавме со најобични тренинзи двапати неделно, а неколку месеци подоцна започнавме да вежбаме поинтензивно. Набрзо, за да го мотивира, започнав да го снимам и видеата да ги објавувам на Инстаграм“ - објаснува Павел. „Секако, тој користи малку поинаква техника, прилагодена на него, но скејтањето во принцип е индивидуален спорт, во него постојано се измислуваат нови трикови, нема никакви ограничувања“.


Кога Тони Хавк објавил видео со Максим, никој не очекувал. Тони тогаш првпат објавил видео со некој руски скејтер. Еден час по неговата објава, момчето на Инстаграм собра 15.000 следбеници, а сега има повеќе од 40.000.

Максим во тоа време поминуваше низ тежок период, бидејќи триковите не му одеа од рака, вели неговиот тренер: „Го видов дека тој тоа може да го направи доколку се потруди, но тој само се збуни“. Меѓутоа, по објавата на Хавк, вели тренерот, Максим почна да верува во себе. „До неодамна тој не ги прифаќаше со задоволство тешките задачи, губеше интерес штом нешто не би му успеало од првиот обид. Но, сега тоа постепено се менува, сфати дека на луѓето им се интересни триковите кои ги прави и почна посериозно да го сфаќа вежбањето.“

На прашањето што би посакал посебно, Максим одговора дека би сакал да настапи на Олимпијадата. „Имам со што да се пофалам. Засега немам награди, не сум освоил ниту злато ниту сребро. Уште не сум учествувал на Олимпијадата, но го сакам тоа“ - кажа тој во едно интервју. Подготовките за Олимпијада му започнале, Максим во октормври го посетил Нижњи Новгород, каде е отворен нов терен за скејтање, на кој оваа година ќе се одржи првенството во скејтање.


Можеби ќе ве интересира: