Мал крзнен еднорог: Кученце со опашка на челото стана ѕвезда на Интернет
Кученцето со опашка која му расте на средината на челото стана ѕвезда на социјални мрежи. Ветеринарите велат дека „рокчето“ не го загрозува неговото здравје, па „крзнениот еднорог“ наскоро ќе биде подготвен за посвојување.
Припадниците на организацијата „Мек мисија“ пронајдоа кученце, кое освен необичниот „опаш - рог“ на глава, има повредено стапало. Најден е на улица заедно со уште едно повозрасно куче на кое му била потребна помош.
Активистите кученцето го нарекле мал магичен крзнен еднорог.
Иако рогот на главата на ова куче најмногу личи на опашка, од организацијата соопштија дека со него не може да мавта како со вистински опаш.
Кученцето е однесено кај ветеринари, кои кажале дека оваа појава не е опасна за неговото здравје.
„Нема причина за хируршко отстранување на опашот од главата на кученцето, а се гледа дека никако не му пречи. Се однесува како сосема нормално кученце“ - вели доктор Херинг.
Малиот крзнен еднорог се уште официјално не е подготвен за посвојување, бидејќи ветеринарите сакаат да бидат сигурни дека со неговото здравје се е во ред.
Сепак, листата на оние кои сакаат да го вдомат веќе се прави и на неа има голем број заинтересирани.