Мала помош: 4 начини како полесно да го напишеш домашното

Мала помош: 4 начини како полесно да го напишеш домашното

Објавена во: Совети // School zone

Со сите напорни тренинзи, средби со пријатели и разни обврски во домот, понекогаш е навистина тешко да се најде време и за домашното. Сите се сложуваме дека седењето до доцна поради домашната задача е прилично напорно и здодевно. Но, ние знаеме како да ви олесниме! Прочитајте ги нашите совети и истите применете ги што е можно побрзо!

# Остави го телефонот

Ќе се сложиш дека доколку постојан ти пристигнуваат нотификации, тешко дека ќе се сконцентрираш на читањето или учењето? Или исклучиго или дај го на некој кому му веруваш да го чува и да го тргне од тебе додека имаш обврски. И секако, кажи им да не ти го враќаат мобилниот додека целата работа не биде завршена.

# Искористи ја секоја минута

Секогаш имаме многу време помеѓу часовите или додека чекаме автобус или пред училиште - затоа искористи го секој момент. Сигурно можеш да го обновиш материјалот уште еднаш, додека појадуваш или додека за време на одморот решиш неколку задачи по математика. Доколку ти пречи бучавата, стави си слушалки и пушти си пријатна музика која ќе ти помогне да се сконцентрираш.

# Провери го домашното со пријателите

Доколку домашното кое треба да го напишеш е за оценка, посоветувај се со пријателите кои веќе го напишале. Спореди ги задачите и заокружи ги разликите кои ќе ги забележиш. Подоцна анализирај според правилата за да провериш кој од вас точно го напишал. Секако, внимавај и задачите да не ви бидат идентични, освен доколку тоа не се бара од вас, за да подоцна ги избегнете проблемите со професорите.

# Намести си аларм

Никако не ноаѓаш начин за учењето да ти биде интересно? Намести тајмер на телефонот, за кој мислиш дека ќе ти биде доволен за да научиш одредена лекција,  а потоа едноставно тркај се со времето. Обиде се да завршиш сѐ пред да истече времето, па така учењето ќе ти биде поинтересно и со самото тоа ќе постигнеш поголем успех. Секако, подготви си и награди во вид на твоете омилени чоколади или неколку епизоди од омилената серија, со цел да имаш поголема мотивација.

Извор: hejmagazin.rs


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: