Малата Билјана освои многу срца како Дара: Откри која сцена во филмот ѝ била најемотивна
Билјана Чекиќ освои многу срца со својата улога во филмот „Дара из Јасеновца“. Прекрасното девојче си ја отвори душата, за време на гостувањето во Утринската програма на телевизија „Прва“ и ги откри своите импресии за остварувањето во кое ја играше главната улога.
„Многу ми е драго што го видовме филмот, што луѓето можеа да го видат. На мене филмот остави навистина голем емотивен впечаток, можеби дури поемотивен отколку кога го снимавме. Сите се задоволни, честитаат, горди се. Околу текстот ни помагаше девојка која го работеше кастингот, Сара Маринковиќ. Лесно се памети текстот. Го учевме пред сцената“ - кажа Билјана.
Таа потоа откри што ѝ било најтешко за време на снимањето.
„Вечерното снимање, затоа што не сум навикната да седам до толку доцна. Но имаше емотивно тешки сцени, не физички. Кога го држам својот помлад брат и му зборувам колку го сакам, онаа последна сцена кога треба да го дадам“ - рече младата девојка.
За Билјана само пофални зборови имаше и сценаристката Наташа Дракулиќ, која исто така гостуваше во Утринската програма.
„Прекрасна. Тоа дете е вонсериско, кое јас го сакам“ - рече Наташа.
Билјана со предзнаење влезе во овој проект, бидејќи некои членови од нејзиното семејство биле во колоната за Јасеновац (нејзината прабаба со девет братучеди).
„Па да. И во училиште учевме за Јасеновац и дома се зборуваше. Да, знам дека мојата прабаба била во Јасеновац и уште некои мои роднини. Тоа на некој начин ми помогнам да ја одиграм улогата“ - потврди Билјана.
Највпечатлива сцена е онаа каде Билјана како Дара го држи братот и плаче. Чекивиќ објасни дека вистински солзи биле во прашање.
„Се натерав себе (да плачам) и сфатив колку тоа е емотивно и потоа се соживеав со улогата и ете, сама од себе“ - посочи Билјана.
Таа наведе дека другарите ѝ честитале и дека се горди на неа и истакна дека се надева дека ќе се занимава со глума.
Билјана ги откри и своите идни планови:
„Да се запишам во средно училиште. Потоа би се запишала на Факултетот за драмски уметности.“