Малата ѕвездичка Дарија Врачевиќ порасна: Дури и Каролина Гочева ја пофали за изведбата во „Тин камп“ (ВИДЕО)

Малата ѕвездичка Дарија Врачевиќ порасна: Дури и Каролина Гочева ја пофали за изведбата во „Тин камп“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

На 15-ти октомври на Националниот сервис МРТ 1, започна да се емитува тинејџерскиот серијал „Тин камп“, од продукцијата која веќе три сезона го реализира детскиот серијал „Дајте музика“.

Во овој серијал, неколку тинејџери, талентирани за музика и танцување одат во Крушево, за да бидат учесници во реномиран музички камп, а повеќе нив освен добро познатите Миха, Филип, Анастасија и Филип, се појавуваат и нови ликови и сите се на возраст од 14 до 17 години.

Помеѓу новите ликови е и Дарија Врачевиќ, која сите добро ја знаеме од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Во една од епизодите младата пејачка, која по потекло е од Србија го отпеа безвременскиот хит „За година две“, кој во оригинал го изведе нашата пејачка Каролина Гочева.

„Дарија Врачевиќ со прекрасна изведба на „Година две““ - напиша Каролина на видеото од изведбата на младата пејачка, каде додаде и емотик срце и раце кои ракоплескаат.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: