Малата Катја наполни 1 година: Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ организираа раскошна прослава за роденденот на ќерката (ФОТО)
Од ресторанот до тортата и огнометот - сѐ било како од бајка...
Пејачката Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ го прославија првиот роденден на ќеркичката Катја.
Судејќи според она што можевме да го видиме на социјалните мрежи, изгледа дека познатата двојка не сакала да штеди ниту на еден детаљ.
Ресторанот го претвориле во место каде што се раѓа вистинска магија, а тортата на малата Катја ги воодушеви сите присутни. Освен преубавата декорација на тортата на четири ката, она што ги остави сите без зборови беше и малиот рингишпил на самиот врв на тортата.
На вратите од ресторанот имало огромен лак со балони, а на влезот вистинска балерика. Таа ги поздравувала гостите кои биле маѓепсани од она што имале можност да го видат.
Родителите на малата Катја биле пресреќни и цела вечер не ги тргале насмевките од лицето. И додека Гобељ ја држел малата наследничка во раце, Катарина покрај нив на цел глас ја пеела роденденска песна.
Пејачката била толку возбудена поради прославата што не можела ниту да ги сокрие солзите радосници. Пред новинарите, таа се присети на најубавиот момент во својот живот:
„Ја држев во раце и емоциите ме совладаа. Плачев во храмот Свети Сава кога беше крштевката. Кога ми честитаа луѓето немав глас да им се заблагодарам. Во животот имав големи проблеми со здравјето и секогаш велам, кога немаш здравје, немаш ништо во животот. Ѝ посакувам да биде здрава, да е среќна, успешна, задоволна, да има насмевка на лицето, да сонува, да мечтае, сѐ што ќе посака во животот да ѝ се оствари. Животот многу ми се промени откако станав мајка. Најважната и најодговорната улога во мојот живот. Нема ништо поубаво од ова.“
фото: Принтскрин / Инстаграм