Малиот Миша од „Жикина династија“ денес не се занимава со глума: Успешен е на друго поле (ФОТО)
Момчето Миша Павловиќ на многумина им беше омилен лик во култниот серијал „Жикина династија“ во делот „Какав дедо, такав унук“, а него го глумеше Михаило Јевтиќ, на кој оваа му беше прва улога.
Миша во серијалот „Жикина династија“ ги воодушеви сите со детските бисери, но и триковите што ги подготвуваше заедно со неговиот дедо Жика, кој го глумеше легендарнито Драгомир Бојаниќ Гидра.
Јевтиќ го толкуваше ликот на Миша кога имал само 5 години, додека подоцна го замени Борис Миливојевиќ, а потоа и Никола Којо, кој го глумеше возрасниот Миша.
Михаило денес има 47 години, а по емитувањето на „Жикина династија“ немавме можност да го гледаме во многу продукции.
Денес се занимава со музика, дизајн и изработка на веб апликации и интернет сајтови, во што е многу успешен. А, со оглед на тоа што гледачите го паметат од детството, никој не би го препознал денес, бидејќи изгледа потполно различно.
Mihajlo Jevtić - Miša iz Žikine DInastije a nije Kojo pic.twitter.com/2AZ0lUQW0l
— pensador (@sakriosamime) November 21, 2017
Инаку, по „Жикина династија“, тој се појави во сериите „Сиви дом“ и „Вук Караџиќ“, а глумеше и во неколку претстави во белградските театри.
фото: Принтскрин / Јутјуб