Малиот Павле повеќе не е мал: Беше миленик на регионот пред 7 години, а еве како изгледа сега (ВИДЕО)
Младиот Павле се врати во популарното музичко натпреварување и ги воодушеви сите присутни...
Павле Васиљевиќ, момчето кое го освои регионот, пред 7 години се појави на малите екрани во популарното натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ и тоа во првата сезона. Талентираното момче од Крагуевац стигна до суперфиналето. Тогаш имаше 6 години и на сите им остана познат како „малиот Павле“.
На изненадување на публиката, жирито и водителката Маријана Миќиќ, Павле се појави во шестата сезона од ова натпреварување и ги разнежни сите.
@pvasiljevic Sutra u 13:30h na pinku! Redni broj 11#fyp #foryou #foryoupage #balkan #pinkovezvezdice original sound - PAVLE
Васиљевиќ, кој сега е тинејџер, ја пееше песната „Боже, брани је од зла“ од Тоше Проески, а од жирито уште на самиот почеток ги доби сите 5 гласови. Кога го испеа хитот на Тоше, Маријана му пријде и го прегрна.
„Ги оправда своите години. Ти како мал ја искуси сцената тука, а сега дојде уште подобар, уште пофантастичен и постабилен. Пееше сериозно и сега таа сериозност е присутна. Не знаев дека повторно си се пријавил, но тоа е супер што си со нас, затоа што навистина добивме еден врвен пејач. Повеќе не го гледам тој мал човек кој нѐ воодушевуваше, ти си потполно нов човек. Издржи до крја, немој да мутираш и ќе биде одлично“ - истакна Леонтина.
„Беше феноменално. Изборот на песните за десетка. Следниот пат случај ја матрицата, слушај се себе и мораш да внимаваш да бидеш во матрицата“ - му порача Сергеј Ќетковиќ.
фото: Принтскрин / ТикТок / Јутјуб