Малиот Петар кошаркарски ас: Најмалиот син на Перо Антиќ по стапките на тато
Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ својот талент и љубов кон овој спорт, ненаметливо го пренесе на своите синови.
Најголемиот син Лука, веќе е дел од младинската екипа, додека најмалиот Петар се уште во фаза на рекреативна кошарка.
Убаво е кога знаеш дека твојот татко го поминал патот до успехот и може да ти го даде најдобронамерниот совет и критика.
Перо Антиќ објави инстаграм приказна со синот Петар додека се на кошаркарски терен, а малиот Петар „шутира“ кошеви.
Антиќ е горд татко на три сина, Лука, Павел и Петар.