Малиот Жељко тргна по стапките на татко му: Удира боксерска вреќа, додека Вељко гордо го бодри и снима
Наследникот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, малиот Жељко, е најомилениот член во семејството и секогаш ги воодушевува и родителите и бабите и дедовците.
По видеото од свадбата на Мирко и Бојана Шијан, каде тој излезе на сцената и танцуваше со гостите, сега повторно ја воодушеви јавноста.
Имено, најновото видео од момчето кое беше објавено на Инстаграм ги воодушеви сите.
На него се гледа дека малиот Жељко тргнал по стапките на својот татко, удирајќи во боксерска вреќа додека неговиот горд татко Вељко го бодри и го снима.
Извор: www.telegraf.rs