Малку пари и многу креативност: Мајка и ќерка носат креации во кои се појавија светските ѕвезди

Малку пари и многу креативност: Мајка и ќерка носат креации во кои се појавија светските ѕвезди

Објавена во: Мода // Moj стил

Неверојатните креации настале од материјали кои ги имале дома...

Можеби познатите даваат огромни цифри на пари за своите комбинации за кои обичните луѓе може само да сонуваат. Но, не и една мајка и ќерка кои пронашле начин да се облекуваат како нив.

Алија Чаглар и нејзината ќерка Стефани обожуваат да го поминуваат времето планирајќи како да ги ископираат креациите во кои се појавиле познатите ѕвезди, за што главно користат материјали кои ги имаат дома.

Тие со многу креативност и малку средства ги имитираат креациите од црвениот килим. И тоа не само фустаните, туку и шминката и фризурата, како и накитот кој познатите дами го носеле. Ова свое необично хоби го споделуваат со своите следбенци на Инстаграм кои се повеќе од 350.000 на број. Како што одминува времето им оди сè подобро кога е креирањето во прашање. Не би било изненадување доколку Стефани израсне во одличен моден дизајнер.

Погледнете само некои од нивните одлични креации:

# Ен Хатавеј

# Џенифер Лопез 

# Пријанка Чопра

# Никол Кидман

# Кајли Џенер

# Кејт Мидлтон

# Тејлор Свифт

# Бијонсе 

# Лејди Гага

# Ријана 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: