Малкумина забележаа што и шепна Хари на Меган, кога излегоа во јавност со синот!
Меган и принцот Хари го покажаа својот син во јавноста, но го открија и неговото име. Малиот Арчи ги воодушеви обожавателите на кралското семејство, но иако ни изгледаа самоуверено кога излегоа во јавност, не можеа да ја сокријат нервозата за време на овој важен момент.
Додека излегуваат со Арчи во рака пред новинарите, Хари и шепна нешто на својата сопруга, пишува Mirror. Иако поголемиот број од вас не приметиле дека нешто и кажал, екпертот за читање од усни Тина Ланин, откри за што станува збор.
Пред да погледне во својот син, Хари на Меган и шепнал „да се сврти кон него“, а потоа рече: „Толку е тивок...“, за потоа да промрмори: „Во ред, одиме сега...“.