Мало момче не можело да ги задржи солзите на венчавката на татко му: Особено го погодил говорот на невестата

Мало момче не можело да ги задржи солзите на венчавката на татко му: Особено го погодил говорот на невестата

Објавена во: Совети // Семејство

Преслаткиот 4-годишен Гејџ не можел да ги контролира чувствата додека неговиот татко, американскиот маринец Џошуа Њувил се венчал со Емили Лихан.

Малиот Гејџ се држел добро, гордо стоел покрај својот татко, сѐ додека невестата не почнала да го чита заветот кој го напишала само за момчето. Откако почнала да чита, малиот Гејџ повеќе не можел да издржи и потполно се скршил.

„Сакам секогаш да се чуствуваш сигурно и секогаш да се трудиш и да бидеш добра личност“ - почнала да чита невестата, а момчето веднаш силно ја прегрнало. Како што се очекува, следувало колективно воодушевување од сите присутни, додека Емили нежно се обидувала да го утеши Гејџ.

„Немој да плачеш срце“ - му кажала маќеата, а потоа продолжила: „И на крајот, сакам да знаеш дека си посебно момче. Неверојатно си паметен, прекрасен и драг кон сите. Ми помогна да станам жената која сум денес и иако јас не бев таа што ти го даде животот, животот на мене ми даде подарок во облик на тебе“.

Сите тројча плачеле пред Емили воопшто да успее да го прочита говорот до крај. Гејџ дефинитивно го собра целото внимание на оваа венчавка, а неговата реакција за само неколку дена го заобиколи целиот свет.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: