Мама Милена во акцијата: Организираше еден поинаков маскембал за својата ќерка

Мама Милена во акцијата: Организираше еден поинаков маскембал за својата ќерка

Објавена во: Совети // Семејство

Оваа година Априлијадата доби една малку поинаква димензија. Имено, децата кои му се радуваат на овој ден се маскираат само во своите домови, поради препорачаните безбедносни мерки, кои велат дека треба сите да останеме дома.

Водителката Милена Антовска е исто така една од тие што се придржуваат кон овие мерки. Имено, таа по повод 1 април со ќерката, Лана Марија изработија маска, а целата постапка, како и финалниот изглед, водителката ги сподели на својот Фејсбук профил.

„Еден поинаков маскембал оваа година... За жал, наместо сите дечиња да се дружат маскирани некаде надвор, во градинка или училиште, беа приморани да останат дома. Но, еве ние се обидовме денот да го направиме што е можно поинтересен и сами да изработиме маска. Ако имате време ѕирнете како течеше изработката и какво зајче беше Лана Марија“ - напиша покрај видеото посветената мама Милена.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: