Манекенка ги тетовирала очите па ослепи: На „тату“ мајсторот му се заканува затвор
Манекенката од Полска, 25 - годишната Александра Садовска во потполност го изгубила видот на едното око откако одлучила да ги тетовира своите белки. Доктрите и кажале дека е само прашање на време кога ќе и се изгуби видот и во другото око и во потполност ќе ослепи.
Садовска на овој потег се одлучила поради желбата да го ископира стилот на полскиот рапер и боксер Попек, кој исто така ги има обоено белките во црно. Откако биле завршени процедурите, се пожалила на болка во очите, а „тату“ мајсторот и рекол дека тоа е сосема нормално, па и посочил да се напие лекови против болки, пишува Unilad.
Манекенката поради сето одлучила да го тужи „тату“ мајсторот, а истрагата покажала дека мајсторот за време на процедурата направил низа грешки. Користел подлога наменета за тетовирање на кожата и која не би смеела да дојде во допир со очите. Поради сето тоа би можел да биде осуден и на неколку години затвор.