Маникирот кој го носи Хејли Бибер стана голем летен хит: Едноставен, е ефективен (ВИДЕО)
Никогаш не би кажале дека токму овој ќе биде маникирот на летото...
Маникирот не мора да биде луд за да влезе во очи. Хејли на „Мет Гала“ имаше многу едноставно налакирани нокти, но изгледа дека тоа беше полн погодок, бидејќи сега сите сакаат токму такви нокти.
Кога се зборува за летните маникири сите очекуваат бои, шаренило, летни мотиви, нешто воочливо, лудо и поинакво. Но, ова лето поголемиот број девојки се одлучуваат за едноставни нокти. Хејли Бибер уште еднаш покажа дека е модна икона, бидејќи сѐ повеќе девојки имаат како нејзиниот маникир. Станува збор за млечно мели нокти со минимални светки. Ништо нападно, изгледа убаво и на долги и на кратки нокти, а и одговара со сите модни комбинации кои ќе ги носиш. Неутралните нокти некогаш се најдобар избор.
Овие нокти поради својата популарност во последно време станаа дел од „clean girl“ естетиката која е тренд на ТикТок. Станува збор за естетика во рамките на која девојките изгледаат „чисто“ и „едноставно“, користат минимална шминка, носат едноставни и „nude“ бои, и каде нема претерување.
Иако Хејли сигурно не е онаа која ги измислила овие нокти или која ги носела прва, таа ги направи повторно популарни. Една девојки сними видео во кое покажа како си ги прави сама, па на тој начин им помогна на сите оние кои сакаат да си ги направат дома.
Ако едноставноста сепак не е тој фазон и сакаш нокти кои ќе бидат воочливи и позабавни, пред неколку време ти презентиравме неколку предлози кои изгледаат токму така. На СЛЕДНИОТ ЛИНК може да ги погледнеш нашите предлози.
фото: Принтскрин / Инстаграм