Мараја Кери: Ме дрогираше со валиум и сакаше да ме продаде на макро
Пред извесен период славната пејачка Мараја Кери имаше проблеми во семејството, односно нејзината сестра поднесе обвинение против нивната мајка.Таа е една од најдобрите пејачки на денешницата, со многу безвременски хитови зад себе и неколку освоени „Грами“ награди.
Кери приватниот живот до пред извесно време го чуваше само за себе, првиот скандал со нејзининото семејство изби пред два месеци кога нејзината сестра поднесе обвинение против нивната мајка.
А денес, таа отворено зборува за својот живот, односно во својата книга мемоари, The Meaning of Mariah Carey, поп-ѕездата зборува за растењето во сиромаштија во насилно домаќинство, за своите искуства со расизам, за својата музика, браковите и многу повеќе.
Напишана во соработка со писателката Михаела Ангела Дејвис, книгата ја повлекува завесата на впечатлива приказна за сиромаштија и богатство и го деконструира имиџот на sвезда како самозаблудена дива.
„Кога имав 12 години сестра ми ме дрогираше со валиум, ми нудеше кокаин, ми нанесуваше изгореници по телото и сакаше да ме продаде на макро“, пишува Кери.
Кери во книгата открива дека била жртва на семејно насилство кога била многу мала. Потоа, како дете на црн татко и бела мајка, таа во училиште се соочувала со расизам.