Марија Груевска се сврши: Со најексцентрични настапи го запали Балканот, а сега објави фотка од свршувачката
Кога таа ќе се појавеше на сцената од Ѕвездите на Гранд, настануваше потполна тишина. Секогаш облечена во најесцентрично и авангрардно издание, а еднаш и дојде и со змија. Пејачката Марија Гревска е се, само обична не!
Груевска уште од самиот почеток на учество во ова шоу, ја имаше титулата за најекстравагантен учесник. Во истото се појави на сцената со змија околу половината, и со ореол на главата, облечена како калуѓерка на кој настап ја соблече униформата и остана во необичен син костум, додека на главата носеше метална перика. Но не е само ова шоу. Фановите се сеќаваат на нејзините настапи во Икс фактор и На иста адреса, како и Макфест.
Она што е најново кај оваа навистина стилски различна музичарка е тоа што се вери со својот љубен Синиша Стојаноски.