Марија конечно го покажа лицето на синот: Не се знае дали тој или неговиот стајлинг е поубав (фото)
Марија Шерифовиќ на Инстаграм редовно споделува убави моменти со својот син кој секој ден е се поголем. Имавме можност да видиме како шетаат заедно, како го хранат и носат, како играат... А сега имавме можност да видиме како изгледа стајлингот на Марио Шерифовиќ кој ги насмеа сите.
- Ќе ти се по*ерам во живот - пишува на блузичето на Марио, а многумина коментираат дека токму така оди со синот на Марија, кој веројатно ќе биде опуштен и забавен како неговата мајка.
Марио на 2 февруари наполни два месеци, кои, како што истакнува пејачката, и се најубави во животот. Иако секогаш ги покажуваше само неговите нозе, пејачката реши да покаже дел од неговото лице за кое сите оние кои го виделе Марио велат дека е прекрасно.
Велат дека Марио има црна коса и темни и крупни очи и дека многу личи на Марија и баба Верица која ни за момент не се одвојува од него.
- Се уште е многу мал за да проценам на кого личи. Има време за тоа – рече Марија и им откри на сите кои се прашуваа дали Марио е навистина нејзин и што пишува во неговите документи.
-Јас сум негова биолошка мајка и во документите сум заведена како единствен родител. И генетски и административно и во секоја друга смисла, јас сум мајка на Марио, секој негов мал атом што доаѓа од ДНК на мајка му е мој - откри пејачката.
Извор: Свет
Фото. Инстаграм