Марија Шерифовиќ искрено за емоционалниот живот: „Не сакам да се мажам, што ќе ми е таа хартија“
Поп-пејачката
Марија Шерифовиќ одговараше на прашањата на своите фанови на социјалните мрежи каде
откри и дали планира да стапне на лудиот камен.
Српската Евровизиска победничка изјави дека не е против заедница но дека е против брак.
- Не сакам да се мажам. Мислам дека е бесмислено, хартијата само прави проблем. Ако луѓето се сакаат, каква е корист имаа таа хартија? Ги разбирам луѓето кои се многу религиозни, па сакаат да направат црковна венчавка. Верувам дека хартијата носи само проблеми, дополнителен товар и најмногу проблеми во моментот кога сакаш да се разведеш – изјави пејачката.
Шерифовиќ беше прашана и дали некогаш била во токсична врска.
- Мислам дека сум била и дека во некоја фаза од животот сите сме биле во врска која не била баш најздрава.
Фото: Marijaserifovic/Instagram