Марија Шерифовиќ ја победи легендарната Бијонсе: Жарот на песната „Молитва“ сѐ уште тлее на светската сцена (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ ја победи легендарната Бијонсе: Жарот на песната „Молитва“ сѐ уште тлее на светската сцена (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Победата на пејачката Марија Шерифовиќ на Евровизија и по 15 години сѐ уште привлекува големо внимание во јавноста.

Имено, бидејќи Јутјуб стана многу популарен, многумина својата креативност ја изразуваат токму на него, па така еден познат јутјубер се сети да направи нешто што никој го нема направено досега.

Јутјуберот Руми одбра 10 натпреварувачи од Евровизија, кои ги спореди со најголемите хитови од таа година. Иако поголемиот рој највиваа за хитовите во однос на победниците, кога дојде на ред песната „Молитва“, кој абеше споредена ни помалку ни повеќе туку со легендарниот хит на пејачката Бијонсе - „Irreplaceable“, беше многу изненаден, па дури покажа и дека се наежил во еден момент.

„Ќе ја изберам победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ. Таа песна остави голем впечаток на мене“ - кажа тој.

Руми инаку е познат како еден од најголемите критичари во музичките води, а на својот канал има скоро 8 милиони претплатници.

Како изгледаше тоа, погледнете во видеото во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: