Марта со браќата живеела во куќа од кал, а сега доби нов дом: Имаме бања, кујна и патот до училиште е подобар (ВИДЕО)

Марта со браќата живеела во куќа од кал, а сега доби нов дом: Имаме бања, кујна и патот до училиште е подобар (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Потресните фотографии од 14-годишната Марта ја заобиколија Србија и светот кон крајот на 2021 година. Девојчето кое учеше под јорган, во куќа од кал, без струја и вода, имаше само една желба, која токму сега ѝ е исполнета.

„Многу е подобро отколку што беше, има многу повеќе соби, услови за живот. Имаме бања, кујна, сѐ е средено! Патот до училиште е многу подобар, нема кал. Не морам повеќе да се пресоблекувам и да носам чизми“ - со весел глас ги сподели своите впечатоци Марта.

Како што наведуваат од организацијата „Србите за Србија“, пред неколку месеци беше објавено дека се собрани повеќе од 100.000 евра наменски донации, но самата реализација на акцијата траела уште некој месец, поради потрагата по идеалната куќа.

Куќата во селото Породин успеала да ја исполни желбата на семејството, и неговите најмлади членови да имаат одлични услови за психо-физички развој и среќно детство. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.764.292 српски динари.

Останатите средства од оваа акцијата биле пренасочени кон помош на загрозените семејствата ширум Балканот.

За потсетување, мајката Данијела, како мала го изгубила видот, додека таткото Здравко имал тешки повреди на ногата.

Поради тоа, Марта од мала морала да им помага на родителите и да се грижи за братот Здравко (5) и сестрата Здравкица (2).

„Им благодарам на сите добри луѓе и организацијата „Срби за Србија“ што ни помогнаа да добиеме куќа“ - на крајот истакна Марта.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: