Мартија оваа година е матурантка: Фотографијата од табло ја објави мама Снежана (ФОТО)
Погледнете како изгледа младата пејачка на таблото...
Младата пејачка Мартија Станојковиќ, која ја запознавме во детското регионално музичко шоу „Ѕвездичките на Пинк“, повеќе не е малото девојче кое го освои Балканот.
Имено, таа оваа година е матурантка и ќе заврши една етапа од животот. Среќните вести ги сподели нејзината мајка на социјалните мрежи, каде ја објави и фотографијата која ќе го краси таблото на училиштето.
„Среќна матура дете мое, ти посакувам еден ден да станеш академски граѓанин, но пред сѐ да останеш добар човек како што те воспитував и до сега“ - напиша гордата мајка покрај фотографијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм