Мартија во студио, Огнен во Бигорски Манастир: Што правеа останатите македонски ѕвезди викендов?

Мартија во студио, Огнен во Бигорски Манастир: Што правеа останатите македонски ѕвезди викендов?

Објавена во: Stars // Музика

Овој викенд дефинитивно се потврди онаа мисла дека „по дождот секогаш доаѓа сонце“, па така по дожделивите денови овој викенд конечно уживавме во сончевите зраци. Сите повеќе или помалку го искоривме викендот за некоја омилена активност - некој за прошетка во природа, друг за средба со пријателите, трет за посета на некое омилено место...

Ништо поразлично од ова не беа ниту македонските ѕвезди, а секој на свој начин си најде занимација која ја сподели на социјалните мрежи. Во продолжение ви откриваме што правеа некои од милениците на тинејџерите:

# Мартија Стајковиќ овој викенд го помина работно и на Инстаграм откри дека е во студиото на познатиот македонски композитор Дарко Димитров.

# Стефан Лазаров откри дека од височините во друштво на пријателите ужива во погледот кон главниот град.

# Антониа Гиговска овој викенд го помина во друштво на нејзиното момче Иван Јованов, со кое што сподели неколку интересни Инста - сториња.

# Пејачката Лина Пејовска викендот го искористи за кафе во парк заедно со нејзиниот пријател Омар Џафероски.

# Барбара Ракичевиќ и Мина Блажев овој викенд го поминаа заедно, а од нивното дружење споделија стори на Инстаграм.

# Огнен Здравковски во друштво на својата мајка го посети манастариот Св. Јован Бигорски, од каде што сподели фотографија.



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: