Масовно откажување од претплатата на Нетфликс: Новиот најавен потег ги налути корисниците
Дали ја направија својата најголема грешка?
Поради една промена која ја воведува, Нетфликс станува како обичен телевизиски канал, нешто од што неговите претплатници се обидуваат да побегнат. Поради тој нов потег, луѓето најавуваат дека сега бегаат и од Нетфликс.
Го сакаме Нетфликс, но не толку за да ја задржиме претплатата без оглед на сѐ. Најиритантната работа за многумина додека гледаат телевизија се рекламите. Рекламите кои траат до бесконечност и кои ни го прекинуваат гледањето на сериите и филмовите. На стриминг сервисите ги нема и можеш без прекин да ја гледаш содржината која те интересира. Но, повеќе нема да е така.
Тоа е единствената работа која Нетфликс ја менува - ќе вклучи реклами, пишува LabBible. Ви благодарам, довидување. Многу постоечки корисници се согласуваат дека тоа е капката која ќе ја прелие чашата и дека се подготвени да ја откажат претплатата во оној момент кога ќе им се појави првата реклата.
I'm telling you this right now... the moment I see ONE commercial on Netflix I'm canceling ALL OF IT. TAKE ALL THIS SHIT BACK! GET TF pic.twitter.com/K4lneQxwvc
— Desiree Francies (@AnArtistic_Soul) April 20, 2022
Веќе ги поскапеа своите услуги, што беше очекувано, бидејќи сѐ е поскапо, па логично беше дека и ова ќе поскапи. Многу луѓе и поради овој потег се откажаа од користењето на Нетфликс, бидејќи мислат дека не нудат доволно добра содржина со оглед на новата цена. За да ги вратат тие корисници, одлучија да понудат поевтин и поскап пакет за Нетфликс.
If Netflix is adding commercial then this will be my last month having it
— AD. (@AhmadDavisPR) April 20, 2022
Поевтината верзија би била подостапна за повеќето корисници, но истата би имала и реклами. Низ една или две години, тие ќе проучуваат како тоа би изгледало, но изгледа дека е сигурна веста дека рекламите ќе дојдат на Нетфликс.
фото: freepik.com