Математиката има одговор: Прашањето кое сите нѐ мачи - Да нарачаме мала или голема пица?

Математиката има одговор: Прашањето кое сите нѐ мачи - Да нарачаме мала или голема пица?

Дали е поисплатливо да се нарача мала или голема пица?

Едната е секогаш подобра опција. Со оглед на тоа колку точно се добива кога пицата е мала и кога е голема и колкава е разликата во цената, математичарите на свој начин, со помош на математиката се обидоа да дадат одговор која пица да ја нарачате за да ви биде поисплатливо.

Вечното прашање што се поставува при купување на пица е „дали е подобро да се земе помала или поголема пица?“ И сега математичарите дојдоа до заклучок дека е поисплатливо секогаш да се зима поголема пица. Поголемата пица е подобра затоа што добивате повеќе храна, но излегува дека допивате и повеќе за потрошените пари и дека во однос на добиеното и цената дури излегува поевтина од обичната или малата пица.


Малата пица има дијаметар од 10, а големина од 20 сантиметри. Додека цената на мала пица е околу 250 денари, цената на големата е двојно повисока. Сето ова изгледа прифатливо, затоа што плаќате двојно поголема цена за двојно поголема пица, но всушност не е така. Математичарите ја користеле формулата за пресметување на кругот и докажале дека големата пица, која има двојно поголем дијаметар е всушност четири пати поголема од малата пица. За двојно поголема цена, добивате четири пати поголема пица, пишува Вечерњи лист!


Можеби ќе ве интересира: