Матурантот од Хјустон: Весна Петрушевска - Бејби сподели фотографија од синот Кирил

Матурантот од Хјустон: Весна Петрушевска - Бејби сподели фотографија од синот Кирил

Објавена во: Совети // Семејство

Пред скоро две години, Весна Петрушевска - Бејби се раздели од синот Кирил, кој замина во Хјустон, САД кај својот татко, Јанко Тренкоски. Тој се одлучи таму да го продолжи своето образование, а во тоа време актерката сподели емотивен статус, со кој ги разнежни сите:

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“.

Сега, скоро две години подоцна, актерка сподели фотографија од матурата на својот син, покрај која напиша:

„Матурантот од Хјустон. На мајка убавец“.


Секако овој опис на фотографијата беше збогатен со срциња, а честитките постојано пристигнуваат во коментари.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: