Меган и Хари нема да го поминат Божиќ со кралицата: Премногу е стресно
Откако „заладија“ односите во кралското семејство, изгледа дека дојде до смирување, со оглед на тоа што војвотката од Сасекс, Меган Маркл и прицот Хари им се придружија на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијан на свеченоста во халата Royal Albert. Меѓутоа, Меган и Хари сега се одлучија за уште еден потег кој истакнува дека работите не се толку бајковити.
Војвотката и војводата од Сасекс одлучија дека Божиќ нема да го поминат со кралицата Елизабета, пишува The Sun. Со шестмесечниот син Арчи сакаат за празникот да останат во куќата во Виндсор или да отпатуваат кај мајка и на Меган.
„Треба да ги наполнат батериите. Им треба време за да ги направат плановите за следната година“ - кажа извор близок на парот. Хари секој Божиќ го поминуваше со кралицата, освен во 2012 година, кога беше во Авганистан и после две години кога беше со Меган.
„Божиќ во Сандрингам може да биде прилично стресен па можеби не сакаат да бидат таму поради тоа што Арчи е мал. Меѓутоа, тоа е жалосно. Кралицата би можела да биде повредена што не сакаат да бидат дел од семејниот собир. Изгледа дека тоа нема никаква врска со Арчи“ - рече кралската биографка Ингрид Севард.