Меган или Кејт: Британската јавност се изјасни која војвотка им е подрага

Меган или Кејт: Британската јавност се изјасни која војвотка им е подрага

Објавена во: Совети // Семејство

Во Обединетото Кралство е спроведена годишната анкета за популарноста на членовите на британското кралско семејство. На прво место се најде кралицата Елизабета II, а во чекор ја следат нејзините два внуци - принцовите Хари и Вилијам. Иако минатата година принцот Хари беше најомилениот претставник на кралското семејство, овој пат таа титула мораше да и ја препушти на својата 92 - годишна баба. Од друга страна, како утеха е фактот дека помеѓу Британците и понатаму за влакно е популарен од својот брат Вилијам.

Во измерување на силата на двете кралски снаи, победата ја однесе Кејт Мидлтон која се најде на четвртото место на оваа листа. За британската јавност немало сомневања: војвотката од Кембриџ ги освоила со својата грациозност, лежерност и грижливост, а многу забележале дека едноставно блеска и изгледа најдобро досега. Но, за нејзината јатрва, војвотката од Сасекс нема добри вести. Иако Меган успеа да го задржи минатогодишното шесто место по популарност, забележи зголемување на негативните коментари на своја сметка. И се замеруваат нејзиното непочитување на кралските правила и криењето на малиот Арчи од јавноста. Таа е единствен член на кралското семејство кое бележи пораст на негативните коментари, па не би требало да не чудат озборувањата дека таа сака на некое време со семејството да замине во Лос Анџелес, далеку од очите и критиките на британската јавност.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: