Меган Маркл не е единствена: Ова се двојниците на најпознатите светските ѕвезди
Дали некогаш сте се запрашале дали некаде во светот постои личност која изгледа идентично како и вие?
Некои од светските ѕвезди имале можност да се уверат дека нивните двојници навистина постојат, а кога ќе видити колкава е сличноста помеѓу нив нема да можете да си поверувате на своите очи.
# Гиљермо Запата како Џорџ Клуни
Овој 40 - годишен Шпанец не важи само за еден од најсексапилните машки модели, туку и неодоливо личи на познатиот актер Џорџ Клуни - толку што на прв поглед не можете со сигурност да утврдите за кој станува збор.
# Роберт Мекинон како Рајан Гослинг
Инстаграм профилот на момчето од Калифорнија не можеше да помине незабележан откако многумина ја забележаа неверојатната сличност со познатиот холивудски заводник Рајан Гослинг. Роберт Мекинон се занимава со електрика, а многу дами биле пријатно изненадени откако признал дека е слободен.
# Франческа Браун како Кети Пери
Освен што изгледа потполно идентично како популарната пејачка, Франческа Браун се издвојува и потоа што совршено ги имитира фацијалните експресии, но и стил на Кети.
# Џејмс Мартин како Колин Фарел
Помеѓу еден од моментално најголемите холивудски заводници и шармантниот Џејмс Мартин тешко е да се воочи било каква разлика.
# Британи Вилијамс како Бијонсе
Запознајте ја шармантната Британи Вилијамс, дамата од Детроит која е пресликана „Квин Би“. Принава дека многупати досега обожавателите на Бијонсе ја застанувале на улица, а како што вели, за изгледот како на музичката ѕвезда е заслужна само природата и дека сама никогаш не се трудела да изгледа како познатата пејачка.
# Софија Соларес како Селена Гомез
22 - годишната Мексиканка вели дека следбениците на Инстаграм секојдневно ја опсипуваат со порака дека е „пресликана“ Селена. Признава дека е и голем обожавател на познатата актерка и пејачка, но дека покрај неверојатната сличност се труди да остане своја и не се обидува да биде она што не е.
# Џенис Гереј како Џенифер Лопез
Шарматната 28 - годишна дама од Тексас може да се пофали со фактот дека изгледа како да е сестра близначка на една од најубавите жени во светот.
„Велат дека секој од нас некаде во светот има свој двојник. Па, се испостави дека мојот двојник е Џенифер Лопез“ - гордо напиша Џенис на Инстаграм на една од своите фотографии на која неодоливо потсетува на латино дивата.
# Хајди Аган како Кејт Мидлтон
Откако Кејт Мидлтон стана светски позната, Хајди ја напушти својата работа како келнерка за да се вработи како нејзина двојничка. Повеќе пати досега се дружела со друфите двојници на останатите членови на кралското семејство, па така настаа интересните, „лажни“ фотографии кои го обиколија, а често и засмеваа светот, бидејќи често ги карикираа нивните семејни моменти.
Happy Valentine's Day all! Xx pic.twitter.com/uhBrLRyrxp
— Kate Lookalike (@HeidiAgan) February 14, 2016