Мехо Бетон од Тузла имал 70% изгореници и 1% шанса да преживее: Сега трча маратони
На дрвената плоча сакал да го изгравира името на неговата симпатија, но згрешил, па ја полил плочата со бензин, со намера да ја поправи. Не знаел што ќе се случи неколку моменти подоцна...
Експлодирала цела работилницата каде што бил Мехмед Шабиќ. Тој е примен во болницата во Тузла со 70 отсто изгореници по телото и внатрешни повреди. Лекарите му дадоа само еден процент шанса да преживее. Респираторните органи и бубрезите откажуваа. Срцето застана, но Мехо за големо чудо- се врати.
После тоа, „Мехо Бетон“, како што го нарекуваат, на својот 12-ти роденден излезе од кома и ги отвори очите. Тој комуницираше со трепкање. Се обиде да ги движи прстите. Не се откажа, напротив ги тешеше насобраните околу него. Штом проговори, Мехо го оправда прекарот. Немаше „боли“, немаше кукање или плачење, а неговите први изговорени зборови беа: „Не се предавам!“.
Безброј патувања до клиниката во Минхен. 25 тешки операции, сто и којзнае колку анестезии, престанаа да ги бројат. Којзнае колку кожни графтови. Но, родителите никогаш не плачеле пред синот, тоа го правеле надвор од неговата соба. Секое движење на телото, секое движење на усните носело болка.
Посебна диета збогатена со масти и месо, која ја храни кожата... и траеше и траеше...
Суперхеројот Мехо доби и специјален костум, кој го носеше 24 часа на ден. Костимот ја омекнува кожата, ја задржува влажноста и го штитеше од надворешни влијанија. Накратко, го штитеше како суперхеројските костуми. Костумот се соблекува само при капење и така две години. Сила, волја, енергија - многумина не би го имале сето ова, но едно момче го има.
Заборавете на Аквамен, Супермен и другите „суперлуѓе“. Сетете се на мехо, на Мехо Бетонот.
Мехо по некое време се врати на училиште... и заигра и истрча полумаратон и трчаше маратони. Тој сака автомобили и сака да биде звтолимар и да има своја работилница. Тој веќе се занимава со хуманитарна работа и сака да им помага на другите.
„Можев да се откажам, но решив да живеам. Вредеше да се борам и да победиме“ - вели Мехо.
Тој вели и дека не треба да се грижиме за него, бидејќи тој е Мехо, силен како бетон.