Мелани Тарчуловска: „Секој бодеж боли, тоа само тој го може“
Пејачката Мелани Тарчуловска, ќерката
на Соња и Јохан, деновиве ја објави својата најнова песна насловена „Камеорон“.
Осумнаесет годишната талентирана пејачка е на добар пат да направи одлична
кариера.
Она што изненадува, покрај убавиот глас, е тоа што Мелани го има напишано текстот и музиката за најновата песна, како и за сите претходни, а наскоро се очекува да биде објавен и официјалниот видео запис за истата. Спотот е сниман во Македонија но некои кадри се снимени и надвор од нашите граници.
- J.F. Cameron е режисер на голем број холивудски филмови, а воедно и на мојот фаворит! Титаник! Филм, создаден од тажна приказна и уште потрагичен завршеток…затоа и го опишувам како таков, вели Мелани насловот на песната.
Пред да го видиме комплетниот проиизвод, песната можете да ја слушнете во продолжение:
Фото:Инстаграм