МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Ќе ставите крај на старо пријателство во февруари
Овен
Постои можно да расипете едно старо пријателство, бидејќи личноста на која сте можеле да и ги доверите вашите најголеми тајни може да се налути на вас. Немојте да ги обвинувате другите, причината за ова лежи во вашето невнимание. Признајте си самите на себе какви сте и извинете му се на пријателот.
Бик
Биковите оковани во ланците на среќната врска овој месец ќе бидат верни и корект ни кон својот партнер. Но, слободните девојки и момци ќе имаат неверојатни можности за нови авантури. Тоа нема да биде почеток на нова љубов, туку токму тоа што е кажано - авантури и љубовни излети.
Близнаци
Колку вашите внатрешни немири да се одразуваат поволно на вашиот живот, толку неповолно влијаат на партнерот или на семејството. Ќе имате многу маки за да средите некое недоразбирање помеѓу вас и личноста која ја сакате. Ќе ви помогне вродената беседничка дарба комбинирана со коректна доза на итрина.
Рак
Познато е дека Раковите не се склони кон промени. Им одговараат трасирани стази и уходан начин на живот. Па така вие на почетокот на месецот ќе имате изградена слика за сите обврски, а можеби и за годишен одмор.
Лав
Некои јануарски обврски ќе ги завршите сега, успешно и на општо задоволство. Нема да ви недостасуваат ни пофалбите. Како секој вистински Лав, искористете го тоа и бидете повторно во центарот на вниманието.
Девица
Личност родена во знакот на Бик на почетокот на месецот ќе ја наруши вашата ининерција. Ќе почне да ви дава до знаење дека е заинтересирана за вас. Како ќе возвратите, тоа зависи од моменталниот љубовен и брачен статус. Не треба да се плашите дека ќе бидете неверни, бидејќи на Девиците тоа не им одговара.
Вага
За време на февруари ќе бидете ангажирани околу обврските кои сте ги прифатиле на крајот на минатиот месец. Ќе ви треба малку повеќе време да завршите се и да биде како што треба.
Шкорпија
Повеќе нема да ве блокира неизвесноста околу судбоносните потези. Ситуацијата причично се разбистри, па така веќ ечувствувате, а можеби и знаете што е во прашање. Воздивнувате со олеснување, бидејќи сакате извесност, а не неодреденост.
Стрелец
Веќе подолго време чувствувате потреба на некои луѓе да им кажете дека не се вашето друштво. Сега тоа и ќе го направите, отворено и без многу заобиколувања, но не и на уверлив начин.
Јарец
Во знакот на обновувањето и поправувањето на љубовните врски ќе ви помине цел месец, па нема многу да обрнувате внимание на останатите сегменти од животот.
Водолија
Животот на Водолијата е окарактеризиран со постојани борби и промени, на што сте навикнати, па јануарските љубовни згоди и незгоди нема да остават лоши последици. Трезвено ќе прифатите реалност.
Риби
Зимските последици може да предизвикаат незгодни последици, па во овој месец зачувајте ги изненадувањата во сообраќајот, особено доколку сте возач.