МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Навраќање на минатото за некои хороскопски знаци!

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Навраќање на минатото за некои хороскопски знаци!

Овен
Незадоволни сте со сегашната ситуација, но една личност може позитивно да влијае на Вас и Вашето расположение. Мудри сте и имате добра самоконтрола, што е клучно овој месец, и не сакате да направите голема грешка. Семејството може да Ви ги отежнува плановите, но држете го Вашиот став.

Бик
На училиште владее недоразбирање. Продолжете површен однос со некои од соучениците. Ненајдени настани се карактеристика за почетокот на овој месец. За некои овнови тоа значи дека месецот ќе биде полн со страст со личноста која веќе подолго време им се допаѓа. Другите се разочарани од пријателите и познаниците поради лажните приказни кои ги шират за нив. Не влегувајте во непотребни конфликти.

Близнаци
Во текот на месецот ќе бидете познати по својата енергија и страст. Првата недела ќе биде полна со предизвици, каде што ќе ги покажете овие способности. Некои од вас се соочуваат со проблемот на бегство од рутината, на емоционалното поле. Останувате колку што е потребно, но, можно е долготрајниот партнерски однос да заврши.

Рак
Завршете ги старите обврски и дефинирајте ги идните цели. Интуитивни, чувствителни и на моменти премногу обземени со вина. Моментално сте во фаза кога ништо не Ви оди од рака. Потребно Ви е време за емоционално закрепнување и осаменост. Запрашајте се дали сте подготвени за врска.

Лав
Ќе Ве повреди личноста со која сте многу блиски. Контролирајте ја Вашата импулсивност. Напнати сте, организирајте се подобро. Имате потреба од љубов, восхит и моќ. За да ги задоволите овие потреби ќе се обидете да ги манипулирате луѓето околу Вас. Некои навики ќе мора да ги промените овој месец, што ќе Ве прави нервозни. Сепак, доволно Ви е малку внимание од партнерот за повторно да бидете опуштени и задоволни.

Девица
Позитивна рутина. Консултирајте се со поискуснитесоученици и користете интуиција. Влегувате во нова фаза. Не се разбирате со партнерот, сакате исти работи, но на различен начин. Нема причина за напнатост, работите одат во Ваша корист. Некои од Вас ќе треба да ги расчистат нејаснотиите во врската, што ќе трае подолго време.
Вага
Ве очекува среќа на финансиски план, бидејќи сте во можност од ништо да направите нешто. Некои од ставовите можат да предизвикаат конфликт со соучениците. Во последно време сте многу привлечни за спротивниот пол. Покажете иницијатива за влегување во врска со личност која Ви се допаѓа. Може да Ви привлече внимание и личност која работи во странство. Ако сте во можност да патувате, искористете ја истата, Ве очекува интересно патување.

Скорпија
Многу промени Ви беа понудени во текот на претходниот месец, и сеуште имате можност да бирате и да го насочувате понатамошниот тек на училишен план. Го проширивте кругот на познаници и потенцијални партнери. Сеуште имате слични околности како и во претходниот месец, можно е да запознаете интересни личности преку пријатели или во друштво на пријатели. Ќе Ви се додворуваат комуникативни и интелектуални типови на
личности.

Стрелец
Во минатото времето го минувавте учејќи. Потребен Ви е некој кој ќе се вклопи и кој ќе ги разбере Вашите сегашни обврски. Доминантната улога на личноста која е до Вас ќе почне да ви пречи, поради тоа, кон средината на месецот ќе бидете во голема дилема. Од Вас зависи резултатот.

Јарец
Во првата половина на месецот внимавајте на манипулации од страна на соучениците. Овој период не е период на битни емоционални промени. Ќе размислувате за личност од минато, можеби и ќе го обновите контактот, но наскоро ќе се сетите на причината зошто раскинавте. Не сте подготвени на компромиси. Една личност со младешки дух, хармонична и зборлеста ќе се обиде да ве освои.

Водолија
На голем број водолии месецов ќе биде успешен, бидејќи ќе бидете во можност да добиете пари кои Ви биле ветени одамна. Зафатените водолии сеуште не се сигурни за статусот на својата врска, но тешко дека ќе дојде до прекин. Слободните водолии ќе ги привлече некој со значителна разлика во години. Постои можност потенцијалниот партнер да биде зафатен, тајна врска не би бил добар избор овој месец. Оваа личност ќе биде сосема различна од Вас. Внимавајте што посакувате.

Риби
До средината на месецот средете ги заостанатите долгови. Не правете големи компромиси. Потребно Ви е слободно време за вашата креативност. Незадоволни сте од моменталната врска. Можеби сте во искушение да влезете во тајна љубовна врска. Можно е да постои одредена далечина помеќу Вас и партнерот, односно, потенцијалниот партнер да го одложи своето пристигнување поради семејни проблеми. Имајте трпение.

Можеби ќе ве интересира: