МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ:Промени за Овните, голем успех за Јарците

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ:Промени за Овните, голем успех за Јарците

Oвен

Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување.Во февруари ќе бидете под големо влијание на затемнувањето на Месечината, кое ќе донесе мноштво промени. Иако во текот на месецот ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за успехот, со стабилен и цврст став успешно ќе успеете да се износите со нив. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи. 

Бик

Февруари ќе биде месец успешен месец на многу полиња. Што се однесува до емотивните односи, во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни, како резултат на затемнувањето на Сонцето. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост. Проблематичните врски ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение. 

Близнаци

Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи понуди, но неопходно е темелно да проверите. Осамените ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу средина на месецот. Како резултат на активните случувања, оние кои се во врск ќе наидуваат на негодување и замерки од страна на партнерот. 

Рак

Ќе можете да очекувате значаен успех, особено во втората недела на февруари, а ќе бидете и соодветно наградени. Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на овој месец, околностите нема да бидат многу јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно.

Лав

Вашата храброст ќе ви обезбеди неверојатни резултати. Вашите цели ќе се реализираат до средината на месецот, а после можете конечно малку и да здивнете. Слободните Лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. 

Девица

Во февруари Девиците ќе се соочат со конкуренцијат. Ќе морате да бидете доволно паметни и вредни да се справите со предизвикот. Осамените Девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус, бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм и неодоливост. Припадниците на овој знак кои се во врска, ќе го зачуваат мирот во партнерските односи. 

Вага

Одлично ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Слободните Ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некоја забава или можеби во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер.

Скорпија

Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе да тргнете напред. Финансиските ситуација ќе биде стабилна. Февруари ќе биде многу значаен на емотивен план. Слободните припадници на овој знак новиот партнер би можеле да го пронајдат на социјалните мрежи, или преку некој близок пријател. Оние што се врска или брак, ќе бидат прилично авантуристички расположени. 

Стрелец

Ве очекува турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска, но и да се соочат со проблеми, додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најважно ќе биде да се зачува хармонијата во односот и да се избегнуваат непотребните бариери. 

Јарец

Постои голема можност за нов голем успех, но почекајте до втората декада од месецот. Слободните Јарци ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска, ова не е поволен период  за долгорочно планирање и важни одлуки.

Водолија

Февруари ќе биде одличен месец за постигнување успех. Слободните Водолии нема да ги интересираат сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. 

Риби

Овој месец ќе постигнете успех и плановите можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството. Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите планови. Оние што се во врска ќе мора да размислуваат попрактично.


Можеби ќе ве интересира: