МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Време е за нови планови!
ОВЕН
Овој месец на преден план ќе ви биде љубовта и на тоа поле ве очекува ненадеен пресврт. Едно е сигурно: ќе делувате инстинктивно, повеќе отколку со разум или размислување. Затоа не избрзувајте при донесување одлуки. Вашето друштво може да има некои луди идеи за забава, но вам нема да ви се допаднат. Дружете се со попаметна група на луѓе и бидете трпеливи.
Најубави денови: 11, 24, 20
Најтешки денови: 9, 19
БИК
Во текот на ноември ве очекуваат зголемени обврски на училиште. Постојано ќе бидете ангажирани околу нешто и надвор од училиштето. Трошењето пари за забава и излегувања ќе ви го намали џепарлакот за овој месец. Завршете ја обврската што ја одложувате веќе подолго време и ќе се чувствувате исполнети, задоволни и горди сами на себе.
Најубави денови: 5, 16, 30
Најтешки денови: 11, 29
БЛИЗНАЦИ
Месецов ќе чувствувате зголемено ниво на енергија и задачите ќе ги завршувате внимателно и сериозно. Ноември е добар период за планирање, но и за учење или истражување, во полето на науката. Месецов за вас ќе биде многу активен, а посебно другарите и другарките нема да ве оставаат на мир со своите повици и покани за дружба.
Најубави денови: 13, 26, 29
Најтешки денови: 8, 29
РАК
Семејството и забавата се двете полиња кои ќе се актуелни за вас во текот на овој месец. Од една страна, ова може да значи дека голем дел од забавните активности ќе ви се одвиваат по дома. Ќе сретнете луѓе кои не сте ги виделе одамна, а разговорите со нив ќе ви бидат пријателски и инспиративни. Полната месечина може да донесе љубовни проблеми, но сето тоа може да се среди ако сте трпеливи.
Најубави денови: 9, 11, 22
Најтешки денови: 14, 24
ЛАВ
Голема раздвиженост ве очекува во текот на овој месец. Постојано ќе бидете во контакт со луѓе и ќе запознаете многу нови личности. Можеби поради таквата зголемена активност со други луѓе, слободниот дел од денот и вечерта ќе сакате да ги поминете дома во мир. Поминувајте повеќе време во природа, одете на шетање, на некој викенд или организирајте кул дружба со вашите најблиски.
Најубави денови: 5, 19, 27
Најтешки денови: 16, 29
ДЕВИЦА
Финансиите ќе ви бидат во центарот на вниманието овој месец, па во текот на ноември ќе изнаоѓате интересни начини како да дојдете до дополнителен џепарлак. Загрејте го столчето и добро подгответе се за проектот кој го одложувате веќе подолго време. Работите нема да се научат сами. Вложете труд и бидете упорни, на крајот сето тоа ќе се исплати.
Најубави денови: 17, 29, 30
Најтешки денови: 6, 9
ВАГА
Ќе бидете турнати во ситуација да решавате проблеми, свои или туѓи. Но, овој пат различното е што овие нешта ќе бидат итни, и ќе бараат посебно внимание од вас. Внимавајте да не направите нешто што може да доведе до некоја непријатна ситуација или да ги повреди чувствата на другите. Некој ќе ви се спротивстави, а постои и можност некој да стори нешто намерно за да ве повреди.
Најубави денови: 7, 19, 23
Најтешки денови: 11, 29
СКОРПИЈА
Месецов ќе имате средба со многу нови личности, кои се чесни и искрени, кои ќе ви помагаат и кои може моногу бргу да станат дел од вашето друштво. Од таквите лица очекувајте помош особено околу училишните обврски. Кон крајот на месецот на повидок е и љубов на прв поглед, внимавајте не се залетувајте премногу за на крајот да не бидете повредени.
Најубави денови: 12, 29, 30
Најтешки денови: 8, 17
СТРЕЛЕЦ
Ова е критично време за вас, а настаните што следат ќе ве тераат да станувате многу сомничави. Ќе има моменти кога ќе делувате спротивно на своите интереси, ќе се спротивставувате на наставниците и родителите, особено кога нема да има потреба од тоа. Морате емоционално да се оддалечите од сите стресни ситуации и да посветите повеќе време на училишните обврски.
Најубави денови: 13, 27, 30
Најтешки денови: 11, 19
ЈАРЕЦ
Во најголем дел од месецот ќе бидете преокупирани со училишните обврски. Кон крајот на месецот можни се непотребни караници со друштвото, кои нема да моѓете лесно да ги избегнете. Искористете ја есента максимално, шетајте и забавувајте се. Нема потреба да се преоптоварувате, вашето семејство знае дека се грижите за нив.
Најубави денови: 9, 17, 22
Најтешки денови: 14, 23
ВОДОЛИЈА
Месецов ќе учите, ќе бидете активни на интернет и ќе шетате на места на кои не сте биле досега. Училишните обврски ќе ви бидат посебно важни во овој месец, можеби и затоа што ќе бидете поттикнати на тоа. Убави емоции, љубовна средба или пак продлабочување на постоечката врска ве очекува во текот на месецов. Можно е да започнете пријателство во овој период кое долго ќе трае.
Најубави денови: 5, 12, 29
Најтешки денови: 16, 24
РИБИ
Вашата самодоверба и позитивно размислување ќе ви помогне околу проблемите на училиште. Некоја врска може привремено да се разниша или да се руши на почеток на месецот. Затоа не избрзувајте при донесување одлуки.Одвојте време само за себе, иако пријателите и роднините може да се обидат да се вмешаат во некои ваши одлуки.
Најубави денови: 15, 22, 29
Најтешки денови: 6, 14