Месечината во Рак ни носи претерана емотивност: Еве зошто многу работи ќе кулминираат оваа недела

Месечината во Рак ни носи претерана емотивност: Еве зошто многу работи ќе кулминираат оваа недела

Овааа недела ја започнуваме со транзицијата на Месечината во знакот на Рак, кој носи зголемена емотивност, ранливост и склоност кон повлекување во себе, како и промена во расположението. Некои вести кои ги добивате, во најмала рака нема да ви се допаднат.

Можете да чувствувате незадоволство во комуникацијата со другите. Се јавуваат семејни проблеми. Заладување на односите со семејството, како и болести и проблеми со одредени членови на семејството, најмногу кај жените, мајките и децата. Се подготвувате за блокади и потешкотии во комуникацијата, сообраќајот, но и емотивните и семејните односи. Се што правите проверете барем два пати или нешто нема добро да разберете или ќе бидете растргнати на повеќе страни, што ќе ја зголеми склоноста кон правењето грешки.

Големо случување ќе го одбележи првиот ден од неделата, тоа е влегувањето на сонцето во знакот на Вага, околу 9:51 часот, што воедно означува почеток на есента. Есенската рамноденица е совршен ден да завршите важни обврски, да се поврзете со спротивставената страна во себе и да ги врамнотежите односите во изминатиот период. Сега само повеќе ќе бидете насочени на соработка, правење компромиси и воспоставување хармонија во сите важни емотивни и деловни односи.

Многу е важно да обрнете внимание на сите односи кои ќе се активираат во понеделник и ќе увидите длабока смисла и значење на истите. Доколку тие односи ви претставуваат болна точка или емотивна рана, тоа е всушност знак да се освестите на кој аспект треба да поработите, каде се уште реагирате од детски агол.

Вторник е прекрасен ден за движење и акција, носи нов прилив на енергија и решителност да се придвижат одредени работи. 

Среда е ден кога се случува неповолен аспект помеѓу Венера и Сатурн кој може да донесе проблеми и предизвици во партнерските и брачните односи, како и проблеми со финансиите, па дури и прекинување на врската или бракот.

Од четврток се буди перфекеционистот во нас, во склад со Месечината во знакот на Девица. Ќе бидеме склони кон критики, насочени на детали, анализи и грешки, но и на нашето здравје.

Пред младата Месечена, точно во петок имаме неповолен аспект помеѓу Меркур и Плутон кои ќе го пробудат детективот во нас. Овој аспект може да донесе опсесивни мисли, тешки и мрачни размислувања, песимизам, цинизам, сарказам во комуникацијата. 

Сабота е ден на младата Месечина на 5 степени во знакот на Вага, која укажува на некои нови почетоци во партнерските односи. Поставете намера и цели за наредните две недели и направете план и чекор во подигнувањето на квалитетот на своите деловни и емотивни односи.

Неделата ја завршуваме со поволниот аспект на Венера и Јупитер кој може да донесе убави средби, подароци, среќа и благосостојба, барем во некоја мера.


Извор: Телеграф.мк

Можеби ќе ве интересира: