Методот „5 Crush“ кружи на ТикТок: Еве зошто може да биде револуционерен за вашиот љубовен однос и запознавање (ВИДЕО)
Ако досега не сте имале успех во љубовта, ова ќе ви се допадне...
Можеби неодамна сте завршиле малку повредени, бидејќи вашиот партнер за состатнок ме откажал. Можеби последниот љубовен состанок пропаднал по ваша вина, а можеби не сте биле на состанок веќе подолго време, па мислите дека едноставно сте излегле од шема и дека состанувањето не е за вас.
Ако сте сингл и ако сте несреќни поради тоа, можеби можете да го промените пристапот кон состаноци и да го проверите „5 Crush Method“ или „методот на 5 симпатии“ кој се врти на ТикТок.
@madchalk Reply to @beatrixknopjes GOT YOU The 5 crush method Pt. 2 #greenscreen #dating #single #foryou #fyp So Hot You're Hurting My Feelings - Caroline Polachek
Медлин Чолк е девојката која објасни како функционира овој метод.
Иако на почетокот би можеле да го помислите тоа, но оваа девојка не дава предлог да се излегува со пет луѓе одеднаш. Таа само советува дека мора да имате пет симпатии во исто време. Кога зборуваме за симпатии, тоа може да биде било кој: оној слатко момче од соседството што учтиво ве поздравува секое утро, згодниот тип од теретана кој секогаш го гледате или некое трето момче поради кое ви се појавува насмевка секогаш кога ќе го видите. Но, мора да ја сфатите поентата, тоа мора да биде некој со кој би биле потенцијално компатибилни и може да замислите да одите на состанок.
@madchalk Reply to @beatrixknopjes GOT YOU The 5 crush method Pt. 2 #greenscreen #dating #single #foryou #fyp So Hot You're Hurting My Feelings - Caroline Polachek
Значи, идејата на овој метод е да се намали стравот и напнатоста на состанокот на кој сте моментално. Дури и ако со ова момче моментално не ви успее, сепак треба да сте кул и опуштени, бидејќи знаете дека има многу риби во морето.
Зошто „5 crush методот“ е толку револуционерен?
# Затоа што го намалува притисокот
Ако сте заљубени и се сакате да импресионирате некого, секако дека ќе бидете под притисок без разлика дали ќе му се допаднете или не. Но, ако во глава ви се врти филм дека околу вас има уште момчиња кои би биле со вас со задоволство, ќе бидете кул и ќе бидете свои. Не е важно ако тој не е заинтересиран, бидејќи има и други кои се. И тоа е поентата на „методот на 5 симпатии“, да се истренирате себе за да немате страв од одбивање.
# Затоа што ја намалува веројатноста да останете со некој кој не е за вас
Кога за време на излегувањето и запознавањето се концентрирате само на таа една личност - како да е единствена на светот, можеби сте повеќе склони да игнорирате некои очигледни предупредувања и знаци дека тој некој не е за вас. „Методот на 5 симпатии“ ќе ви помогне да останете трезвени во одлучувањето, да ги преките врските кои очигледно немаат иднина. Имено, кога го применувате овој метод - знаете дека ништо не треба да се форсира, бидејќи има и други луѓе би сакале да ве запознаат.
фото: Принтскрин / ТикТок