Ми нудеа 100.000 евра за да влезам во реално шоу: Младиот Љуба Станковиќ шокираше со признанието, а потоа ги изненади сите со одговорот за Северина
Од неговиот триумф во „Ѕвездичките на Пинк“ поминаа 5 години...
Победникот на детското музичко натпреаварување Љуба Станковиќ, на само 6 години стана многу популарен помеѓу публиката, и набрзо сними дует со пејачката Северина, кој денес има повеќе милиони прегледи. Потоа, се повлече од медиумите, но неодамна одлучи да продолжи по патот по кој тргна во 2018 година.
Љуба сега проговори за причините на своето повлекување, но и за примамливата понуда од 100.000 евра, која ја добил за да влезе во едно реално шоу.
„Вистина е дека добив понуда да влезам во реално шоу, тогаш бев навистина мал, ја снимав песната со Северина. Сакаа да влезам, на мојот татко му понудија 100.000 евра, но тој не дозволи. Кажа: „Што ќе гледа тој таму? Како се караат и тепаат?“. На мене сето тоа ми изгледа интересно, додека се гледа преку малите екрани, но мислам дека местото не ми е таму. Не би влегол ни сега, го гледам својот правец, да бидам што повеќе во студио и да работам на нови песни. Повеќе не сум за ниту едно натпреварување, а ниту за реално шоу“ - кажа Љуба, а потоа ги откри причините за медиумската илегала.
„Ме немаше некое време во медиумите, не бев присутен во весниците, но вредно работев на нови песни. Бев во студио. Имав настапи и свои концерти во Австралија, Франција и ширум Европа, настапував со сестра ми Марина“.
Љуба по триумфот во „Ѕвездичките на Пинк“ сними дует со пејачката Северина Вучковиќ, а за таа соработка има само зборови полни благодарност.
„Северина Вучковиќ е преубава и прекрасна личност, ми беше навистина убаво додека соборатувавме, таа соработка ќе ја паметам, остави впечаток на мене“ - посочи младиот пејач за српските медиуми.
фото: Принтскрин / Јутјуб