„Ми се допаѓа сè кај него“: Како Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се запознале и се заљубиле?
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ неодамна ја прославија првата годишнина од нивната врска, а сега пристигна најубавата вест: го чекаат своето прво дете
Најдобрата вест доаѓа од домот на ќерката на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ.
Анастасија Ражнатовиќ и Немања го чекаат своето прво дете, а според локалните медиуми ќерката на Светлана Цеце Ражнатовиќ наводно е бремена во петтиот месец.
Таа веќе некое време престојува во Шпанија, каде Гудељ живее и игра за ФК Севиља.
Пејачката и фудбалерот неодамна ја прославија својата прва годишнина, а познато е дека уживаат во хармонична врска полна со љубов.
- Среќна прва годишнина љубов моја, сакам да бидам сакана од тебе.
Анастасија ги покажа и букетите цвеќе, како и корпите со овошје што ги доби, а на една од картичките пишуваше:
- Среќна годишнина Бубо.
Да потсетиме дека Анастасија еднаш раскажа како се запознале таа и Немања.
- Се запознавме преку пријатели, од прва „кликнавме“. Ми се допаѓа сè кај него, засега сè е во ред.
Исто така, и двајцата беа решени јавно да не ја изложуваат својата врска на социјалните мрежи и да не објавуваат заеднички слики.
Дека од почеток беше јасно дека се родени еден за друг, јасно беше:
- Анастасија и Немања одлично се согласуваат, уживаат во врската и засега се им е таман. Иако нивната врска е на почеток, тие имаат многу планови за следниот период. Предвидено е и заедничко патување, а таа нон-стоп разговара со неговата сестра Вања - изјави тогаш изворот.
Извор: glossy.espreso.co.rs