„Ми се гушкаат некои луѓе кои се премногу далеку“: Сестрата на Дарко Илиевски со емотивна порака за пејачот (ФОТО)
Македонскиот пејач Дарко Илиевски со години живее и работи во Америка, на Флорида. Тој откако се ожени, го напушти светот на музиката и замина далеку од дома за подобар живот.Заедно со неговата сопруга Ивана го добија синот Матео, а пејачот често споделува приватни фотографии од неговото семејство со своите следбеници.
Иако живее речиси идиличен живот, тоа што е далеку од семејството во Македонија е премногу тешко за сите. Видео комуникацијата не може да ја надомести ниту една прегратка и бакнеж со најблиските.
Па токму затоа неговата сестра Јованка, му испрати порака на Инстаграм и му даде до знаење на пејачот дека и недостасува неговата близина, како и онаа на снаата и внукот.
„Ми се гушкаат некои луѓе кои се предалеку“, пишува во пораката.
Фото:Instagram/facebook