Миа Калифа по две години е повторно слободна: Се разведува омилената порно пензионерка

Миа Калифа по две години е повторно слободна: Се разведува омилената порно пензионерка

Објавена во: Живот // Живот

Актерката ја откри и причината за крајот на бракот...

Ѕвездата на филмовите за возрасни, Миа Калифа со својата најнова објава на Инстаграм ги израдува обожавателите ширум светот.

Имено, „омилената порно пензионерка“ со следбениците сподели дека се разведува од сопругот по две години брак. Таа наведе дека не се работи само за еден проблем, како и дека таа и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, останеле во добри односи.

„Слободно можеме да кажеме дека се направивме сѐ за нашиот брак да функционира, но по скоро една година терапија и работа на тоа се разделуваме, знајќи дека еден на друг ќе си бидеме пријател засекогаш и дека навистина дадовме сѐ од себе. Секогаш ќе се сакаме и почитуваме еден со друг, бидејќи знаеме дека не е само еден интерен проблем причината за нашиот развод, туку врвот од нерешени, клучни разлики за кои можеме да се обвинуваме еден со друг“ - напиша Миа.

„Ова поглавје го затвораме без жалење и двајцата почнуваме одново, засебно, но не поврзува неверојатното семејство, пријатели и љубовта кон нашите кучиња. Ова требаше одамна да се случи, но драми ми е што поминавме време заедно и дадовме сѐ од себе и можеме да продолжиме понатаму зборувајќи дека сме се потрудиле максимално“ - додаде во објавата.

Миа Калифа и Роберт Сандберг се верија во март 2019 година, а се венчаа во јуни истата година. Редовно споделуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи, но љубовта не им потраја.

На порно ѕвездата ова ѝ беше втор брак, бидејќи првиот сопруг ѝ беше љубов од средно училиште, со кој исто така беше во брак две години.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: