Миа Костова откри кој е нејзиниот маж на животот: Може ли да претпоставите за кој станува збор? (ФОТО)
За цел живот ѝ го има украдено срцето...
Вчеравечер во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, по традиционален 5-ти јубилеен пат се одржа изборот за Маж на година за 2022 година во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин Имаше неколку категории во кои беа номинирани мажи кои направиле нешто, оставиле нешто вредно, сработиле нешто посебно, биле и се хуманитарци, и такви кои се облекуваат убаво. Манифестацијата изобилуваше со познати личности од јавниот и општествен живот во Македонија, дотерани и помалку дотерани, некои и многу едноставни за настан во кој се очекува гламурот да го даде последниот збор.
Како водители на настанот се најдоа познатата инфлуенсерка и поранешна водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ Миа Костова и актерот Жарко Димоски.
Токму Миа, го освои вниманието на сите со своето бомбастично издание - припиена тоалета во која доминираше длабокото деколте, која ја надополни со ракавици и влечатливи бисери.
Најголема поддршка на овој настан ѝ беше нејзиниот син - Андрија, со кого познатата водителка сподели фотографија.
„Маж на животот. Те сака мама“ - напиша познатата инфлуенсерка на фотографијата на која позира заедно со нејзиниот син.
фото: Принтскрин / Инстаграм