Милан и Саша емотивно за семејната драма: Новата песна на Шакира е нов удар за Пике и идна химна на сите мајки (ВИДЕО)
Популарнате пејачка ја објави баладата „Acróstico“, а ја сними со синовите Милан и Саша, кои самите барале да бидат дел од песната...
Колумбијската пејачка Шакира, пред неколку дена, во пресрет на американскиот Ден на мајките, ја објави новата песна, за која порталот „Billboard“ пишува дека би можела да биде новата химна на сите мајки.
Во прашање е многу емотивна композиција, наречена „Acróstico“, што значи „акростих“ и со тоа укажува на важен детаљ кој можеби не би бил запазен доколку пејачката со насловот не ја нагласи својата тајна. Имено, почетните букви на стиховите ги испишуваат имињата на нејзините синови - Милан и Саша, а таа зборува за мајката која својата болка може да ја претвори во знак, благодарение на љубовта на децата.
Новата песна на Шакира е прекрасна балада, а таа крие уште едно изненадување - нејзините синови не само што се појавуваат во спотот на познатата мајка и свират клавир покрај неа, туку и пеат.
Стиховите на песната очигледно укажуваат на тешкиот период кој пејачката, како и целото нејзино семејство во изминатата година го помина, откако Жерар Пике, познатиот фудбалер и татко на нејзините синови, имаше афера со студентката Клара Чија Марти. Познатата двојка се раздели, а пејачката помина низ многу непријатни ситуации, па во април со синовите се пресели во Мајами.
фото: Принтскрин / Јутјуб