Милена има само 17 години, а нејзините фризури ги следи целиот свет
Милена Дикман е 17 - годишна самоука фризерка со неверојатна инспирација, а фризурите кои ги изработува неодоливо потсетуваат на хелкани или плетени дезени од чаршавите на нашите баби. Со ова започнала да се занимава од минатата година и по само една година работа, нејзините фризури предизвикуваат големо внимание на социјалните мрежи, а нејзиниот Инстаграм профил има повеќе од 30.000 следбеници.
Порталот Bright Side пренесува дека не е важно дали моделот со кој работи има црна, кафена или руса коса, а често во тоа се вплетуваат и прамени обоени во црвена, виолетова или розова боја, но каква и да е косата, резултатот од работата на оваа млада стилистка, во поголем број случаи воодушевува.
Сето ова започнало со полесни фризури, вели Милена, а потоа полека преминало во вистинска страст во плетењето на прамени во нови интересни дезени.
Милена вели дека отсекогаш била обожавател на долгата коса, а првите фризури кои ги направила биле плетенки, на кои секогаш би додала и некој посебен украс или си поигрувала со прамените. Некогаш и недостасувале идеи за таа фризура, па така започнала да експериментира со посложени фризури и необични стилови.
Техниките кои ги користи во изработка на фризурите често се многу комплицирани.