Мили Боби Браун не е најплатената актерка во „Stranger Things“: Кој ја престигна во заработката?

Мили Боби Браун не е најплатената актерка во „Stranger Things“: Кој ја престигна во заработката?

Објавена во: Stars // Филм

Сумите од нивната заработка се огромни...

„Stranger Things“ и понатаму е екстра популарна серија, без оглед на тоа што сите ја изгледаа последната сезона која излезе. Но, токму таа сезона ѝ донесе добри работи на актерката.

Последната сезона од серијата „Stranger Things“ експлодираше. Секоја нова сезона е сѐ популарна, па не е ни чудно што заработката на актерите на оваа серија секој пат се сѐ поголеми и поголеми. Имено, актерите на оваа серија заработија многу пари, а нивната вкупна заработка се брои во милиони. Освен тоа, третата сезона им донесе и повеќе пари во однос на сите претходни. Платени се по една епизода во серијата, а третата сезона според која се достапни овие податоци, како што пишува Boss Hunting, има 8 епизоди. 

Сега, сигурно сите мислите дека Мили Боби Браун добила најмногу пари, но тоа сепак не е така. Таа навистина е една од најпопуларните, ако не и најпопуларна актерка од оваа серија, но нејзината заработка сепак ја надминаа двајца други актери.

# Наталиа Даер - 150.000 долари по епизода

# Џо Кири - 150.000 долари по епизода

# Чарли Хитон - 150.000 долари по епизода

# Фин Волфхард - 250.000 долари по епизода

# Кејлеб Меклафлин - 250.000 долари по епизода

# Ноа Шнап - 250.000 долари по епизода

# Мили Боби Браун - 300.000 долари по епизода

# Вонона Рајдер - 350.000 долари по епизода

# Дејвид Харбор - 350.000 долари по епизода

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: