„Мило ми е што мајка ми почина“: Актерката која ја обожаваат милиони сподели исповед поради која Америка се згрози

„Мило ми е што мајка ми почина“: Актерката која ја обожаваат милиони сподели исповед поради која Америка се згрози

Објавена во: Stars // Филм

Со години беше омилено ТВ лице на милиони деца и тинејџери ширум светот, а за целото тоа време водела многу битки...

Амерканската пејачка и актерка Џенет Мекарди, која на младата публика ѝ е најпозната по улогата во тинејџерската серија „iCarly“ на мрежата Nickelodeon, неодамна ги објави своите мемоари и уште по насловната страница е јасно дека ништо не премолчела.

Имено, во автобиографијата наречена „Мило ми е што мајка ми почина“ таа зборува за своето детство, растење, кариера и трауми кои засекогаш го обележале нејзиниот живот, а книгата постигна огромен успех - еден ден по објавувањето, таа беше распродадена.

„Моите најрани спомени од детството се тежина и хаос“ - објасни Џенет за „People“ пред да ги објави мемоарите. „Емоциите на мајка ми беа толку непредвидливи што секој ден, сè беше како одење по јаже. Промените во расположението се случуваа на дневна основа“.

Џенет е родена во сиромашно мормонско семејство во Гарден Гроув, Калифорнија и не посетувала училиште. Нејзината мајка Дебра, ги подучувала неа и нејзините тројца постари браќа, додека нејзиниот татко Марк работел две работи.

Кога имала 8 години, ја започнала актерската кариера во комедијата „Mad TV“, по што се појавувала во епизодни улоги во голем број популарни амеркански серии, како што се „Закон и ред“, „Вил и Грејс“, „CSI: Место на злосторството“ и така натаму.

Пет години подоцна беше номинирана за наградата за најдобра млада актерка, поради нејзиниот настап во серијата „Strong Medicine“. Сепак, вистинскиот успех го доби во серијата „iCarly“ во 2007 година, која ѝ донесе многу признанија за млада актерка и телевизија, а веќе следната година го најави својот дебитантски музички албум. На споменатата серија работеше до 2012 година, по што со Ариана Гранде, играше во серијата „Sam & Cat“, а во својата автобиоградија пишувала за бројните инциденти и трауматични сцени на сетот. Како што објасни, ја охрабрувале да пие алкохол, иако била само тинејџерка, ја фотографирале во бикини на пробите, а откако серијата се откажала ѝ нуделе 30.000 долари за да се согласи дека никогаш нема да открива детали до сетот, што одбила.

фото: Imdb

По уште неколку улоги, Џенер реши да се повлече од глумата.

„Никогаш не добив можност на проект на кој би се гордеела. Сега имам шанса да правам работи на кои ќе бидам горда“ - кажа актерката во 2018 година.

Инаку, таа во тој период ги избриша своите профили од сите социјални мрежи и се повлече за да го режира својот прв краток филм, инспириран од смртта на нејзината мајка Дебра.

Мајка ѝ уште од најраната младост на актерката имала здравствени проблеми. Кога Џенет имала само 2 години, на Дебра ѝ бил дијагностициран рак на дојка, а покрај оваа семејна борба и сиромаштија, постоеле и други проблеми. Како што тврди актерката во своите мемоари, мајка ѝ две децении ја злоставувала физички и психички, а штом малку пораснала, ја турнала во Холивуд.

„Сакаш ли да бидеш мала актерка на мама?“ - ја прашала и ја носела на кастинзи и кога девојчето не го сакало тоа.

Дебра им обезбедувала аудиции и на други деца, иако Џенет била најуспешна, а дури и кога ја одбивале и ја нарекувале „нехаризматична“, таа успевала да ѝ се даде уште една можност и ја носела на часови по глума.

Како што се присетува во својата книга, често и поради сешто добива ќотек, а мајка ѝ тврдела дека тоа „мора да го прави, барем додека не наполни 10 години“.

Џенет тврди дека мајка ѝ константно ја „прегледувала“, барајќи грутки и израстоци на нејзините тело, особено во пределот на градите, но и на остатокот од телото.

„Кога ќе завршеа прегледите, ме преблавуваа бранови од олеснување“ - призна Џенет. „Често ми текнува дека тој момент беше првиот кога ќе го почувствував сопственото тело откако ќе почнеше прегледот“.

Додека уште била дете, Џенет била на строг режим кога е исхраната во прашање, а мајка ѝ ја мерела секоја недела. Ја ставала на вага, ѝ го мерела обемот, а доколку се здебелела малку ја ставала на ригорозна диета, по што на крајот резултирало со развој на пореметување во исхраната.

Како сфатила дека повеќе не може да се занимава со глума, ѝ го соопштила тоа на мајка ѝ, а нејзината рекација била:

„Не биди луда, ти ја сакаш глумата. Тоа ти е омиленото нешто на светот. Не можеш да се откажеш! Ова беше твоја шанса! Тоа беше наша шанса!“

„Удараше во воланот, случајно ја притисна сирената. Маскарата ѝ течеше низ образите. Беше хистерична, како да сум на аудиција за „убиство во Холивуд“. Нејзината хистерија ме плаши и мора да се исконтролира“ - пишува Џенет во своите мемоари.

Дебра починала во 2013 година, 17 години по дијагнозата рак на дојка, а Џенет се сеќава дека на смртната послета, кога ѝ дале уште само 48 часа живот, се обидувала да ја расположи.

„Мамо. Јас сум... толку слаба сега. Конечно имам 40 килограми“ - се сеќава дека ѝ кажала.

По смртта на Дебра, Џенет западнала во кругот анорекција, булимија и верижно прејадување.

„Конечно се чувствувам слабо и вредно, мислам добро во своето тело. Повторно изгледам како дете. Одлучна сум така да остане, тоа е во чест на мојата мајка“ - напишала актерката.

Откако посетувала повеќе психотерапевти, конечно пронашла еден кој ѝ помага да се оправи, призна неодамна за „People“. Како што признава, овој пат не е лесен, но е оптимистична.

„Тоа е вид на тежина со која се гордеам“ - цели Џенет.


фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: